Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Мијалков е однесен во куќен притвор

Сашо Мијалков е однесен во куќен притвор

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков по кого се трагаше два дена, вечерва од Обвинителството за организиран криминал и корупција е однесен во куќен притвор. 

Тој попладнево самиот се пријави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.   Изјави дека дека не избегал, туку  бил во изолација затоа што имал висока температура и симптоми на коронавирус. Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите кои беа предизвикани. Во петок треба да биде изречена пресуда за случајот „Тврдина-Таргет“. 

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека се радува што обвинетиот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК самиот се пријави. 

Изјави дека Мијалков преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, таа рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

Слично

Поврзани вести