Сашо Лазаревски од Иницијативниот одбор: Се надевам дека кај Мицкоски ќе преовладее разумот и ќе дојде да даде отчет
Сашо Лазаревски од ВМРО-ДПМНЕ, од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на партијата, смета дека кај лидерот на партијата Христијан Мицкоски ќе преовлада разумот и ќе дојде пред делегатите да им објасни какви му се намерите за во иднина.
„Голема бројка сме на делегати кои му ја дадовме довербата на Мицкоски. Се собираме и сакаме Мицкоски да излезе пред нас, заеднички да решиме што понатаму. На 28 март е закажан Конгресот. Ние веќе го закажавме Конгресот, тој од почетокот тргна дека сме мала група, а сега гледаме дека закажува редовен Конгрес во ноември. Најверојатно тоа е стравот во ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека ќе преовладее разумот, ќе дојде и ќе ни објасни што му е намерата во иднина, да даде отчет. Сме се обиделе на добар начин да се реши ситуацијата, партијата во последните години не оди во добра насока. Многу од луѓето кои разговараат со нас одат кај него, но таму нема никаква реакција. Тој смета дека вака треба да продолжи партијата. Ова раководство има најмногу порази, а постојано го одложува Конгресот“, изјави Сашо Лазаровски, Инцијативен одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за Студио 10 на ТВ24.
