Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Дуковски за Орце Камчев: Тотално непотребен сведок

Сашо Дуковски за Орце Камчев: Тотално непотребен сведок

Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Меѓунардоен сојуз“, денеска во изјава за медиумите по рочиштето пред Кривичен суд рече дека бизнисменот Орце Камчев бил повикан како тотално непотребен сведок.

„Предложен е сведок кој не е сослушан во истрагата, користите исказ кој не се однесува на овој предмет и како капа на се-  ви кажува дека не е кридибилен, и вие со неверојатна упорност се обидувате повторно да го сослушувате.

Зошто да се сослушува сведок кој во старт укажува дека не е кредибилиен и на крајот на денот ништо не кажа за тоа за што е повикан.

Станува збор за два проекти кои биле одбиени поради економса неисплатливост, дека станува збор за приватни парцели, затоа си кажа сам, тогаш зошто би се вклучила државата за приватни парцели

Тотално непотребен беше овој сведок и нема ништо да утврди за фактичката состојба во овој предмет. Не знам навистина зопто го викнаа“, рече Дуковски.

Инаку Камчев денеска како сведок побара да биде иземен од случајот, но сведочеше ма барање на  обвинителката Ивана Трајчева и судијката Софче Гаврилова

Камчев во денешното сведочење рече дека во проектите кои му ги нудел Јовановски почувствувал дела била злоупотребена или изманипулирана власта, и затоа „го откачил“.


Слично

Поврзани вести