Сашко Коцев никогаш повозбуден!
Актер Сашко Коцев ја доби највозбудливата, но и најсериозна улога досега. Тој стана татко откако неговата сопруга Смиљања се породи со машко дете.
Да потсетиме дека Сашко ја побара Смиљана за жена пред неколку години на Златна Бубамара на популарноста, кога пред телевизиските камери направи вистинска мала претстава.
Коцев најмногу впечаток остава со урнебесните стенд-ап настапи токму за време на манифестацијата Златна Бубамара каде ги адресира сите општествени, политички, но и секојдневни аномалии при што никој не е поштеден, ниту градоначалници, пратеници, министри, премиери, или личности од забавниот живот.
Слично
