Сашко Кедев добил понуда од Христијан Мицкоски, но ја одбил
Кардиохирургот Сашко Кедев, уште познат и по тоа што му беше против кандидат на Бранко Црвенковски во трката за претседател на државата, ја одбил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за поддршка како кандидат за градоначалник на Град Скопје на локалните избори номиниран од најголемата опозициска партија.
Според партиски извори деновиве професорот добил понуда од претседателот на ВМРО ДПМНЕ да биде кандидат на раководството на партијата, но сепак Кедев се заблагодарил образложувајќи дека наводно позицијата градоначалник не му е предизвик имајки предвид дека своевремено тој еднаш веќе трчаше за позицијата шеф на државата.
Во моментов останува на крај анкетите да го одредат вмровскиот адут за градоначалник на Скопје, а според најавите, имињата треба да бидат познати околу средината на јули.
