Економија, финансии, бизнис

Контакт

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

Левица, како што информираа од партијата, ја одржала 28-та редовна сесија на Централниот комитет, и на неа биле донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. Сесијата почнала со едноминутен молк за жртвите во трагедијата во Кочани.

На сесијата на ЦК едногласно бил верификуван актуелниот пратеник м-р Сашко Јанчев како нов член на Президиумот на Левица. Во своето обраќање, Јанчев истакнал дека народот е алергичен на корумпираните политички елити кои со децении ја злоупотребуваат државата за лични криминални интереси. 

„Властите пробаа сѐ за да ја подјармат Левица - со притисоци, спинови и пари, но не успеаја! Токму тоа, нивниот неуспех да ја направат Левица како нив, е она што најмногу ги плаши“, рече тој.

Централниот комитет усвоил политичка рамка за дејствување во наредниот период, со фокус на есенските Локални избори, како фронт за жестока пресметка со режимскиот апарат. 

„Во услови на постојана репресија, изборен инженеринг и клиентелистички октопод кој го гуши секој обид за народна еманципација - Левица ќе настапи бескомпромисно, чесно и организирано, како глас на обесправените и бастион на некорумпираноста. Времето на калкуланти, опуртинисти, предавници и квазиопозиционери заврши. Борбата продолжува - на улиците, во институциите и на изборните полиња. Со народот, за народот!“, се вели во објавата од партијата.

Слично

Поврзани вести