Саша Богдановиќ стартува кампања за садење дрвца во Центар
Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на општина Центар со поддршка од СДСМ, најави почеток на кампања за садење дрвца при што тој и неговиот тим на сите заинтересирани граѓани ќе им доделува борчиња кои ќе можат да ги посадат.
Идејата е проектот да продолжи и по изборите, односно на долг рок да се зголеми свеста и кај општинското раководство и кај граѓаните за разеленување на Центар.
Богдановиќ исто така вети работа на отворен и транспарентен начин со редовни средби со медиумите.
Слично
