Саша Богдановиќ поднесе кандидатура за градоначалник на Центар
Актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, денеска во општинското партиско седиште на СДСМ поднесе кандидатура за уште една трка на локалните избори наесен, по што останува да се види дали ќе ја добие поддршката од раководството.
„Денеска во просториите на Општинската Организација СДСМ Центар, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори. Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори“, објави актуелниот градоначалник.
Според медиумски информации, анкетите во СДСМ велат дека сериозен конкурент на Богдановиќ ќе му биде директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ. Таа е најсериозниот конкурент во внатрепартиската анализа.
Партиите наголемо се подготвуваат за есенските локални избори. Се прават сондажи на теренот каде со кој кандидат да се оди, со цел да се извојува победа во поделните локални самоуправи. Скопје, во сите калкулации, и за власта и за опозицијата, е таканаречената „главна премија“.
Слично
