Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саша Богдановиќ го презентираше новиот план: Ѓраѓаните ќе кажат што ќе има на местото на Шпански скали, „Мајка Тереза“ и катната гаража

Саша Богдановиќ го презентираше новиот план: Ѓраѓаните ќе кажат што ќе има на местото на Шпански скали, „Мајка Тереза“ и катната гаража

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар, презентирајќи го планот за „Мал Ринг“ денеска рече дека општината ќе интервенира во деловите од површините за катната гаража кај собраниската зграда, Шпански скали и комплексот Мајка Тереза, откако ќе завршат судските процеси, по што граѓаните би одлучиле што сакаат да има таму.

Во ДУП-от на местото на неизградени споменици се предвидува зеленило, а на местата предвидени за згради со намена А2 за домување, ќе има објекти за култура.  Богдановиќ напомена дека за парцелите од проектот „Скопје 2014“ има 29 постапки во обвинителството, а една е веќе завршена во корист на Општина Центар која по тој основ повратила 30 милиони денари.

„Сите постапки што ги преземавме во изминатиот период се со цел Општина Центар повторно да го преземе управувањето на државното неизградено земјиште односно сите почнати постапки во Мал ринг поврзани со т.н проект „Скопје 2014“. Во изминатиот период се изнаслушав дека со овој план сакаме да легализираме делови од Скопје 2014, односно да го потврдиме. Проектот Скопје 2014 бил донесен и потврден со носењето на планот во 2012 односно со претходните планови. Со новиот предлог план што го предлага Општина Центар се прави спротивното. Почнува да се стопира и да се брише сѐ она што не е започнато во зацртаниот проект Скопје 2014“, рече Богдановиќ.

Според новиот план, ќе нема можност да се продолжи планираното градење во продолжение на објектот Теранова каде што се изградени тремовите во претходниот план. Се отстрануваат и целосно насоките од планот во 2012 година за тоа како треба да изгледаат фасадите (барок, неокласицизам...) и се остава на самите институции, приватни или државни, да направат фасада како што ќе предложат тие или да ја вратат постоечката. Ако остане планот од 2012 година, вели тој, и неодамна распаднатата фасада на зградата на енергетската компанија МЕПСО ќе мора да биде обновена во некој од предвидените стилови со планот од 2012 година.  Со планот од старт се бришат трите галии во река Вардар. Откако ќе бидат завршени правните постапки за раскинување на концесиите од страна на Град Скопје, ќе бидат отстранети, што е овозможено и со новиот закон.


Слично

Поврзани вести