Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саша Богдановиќ: 33 милиони денари не е само тревникот

Саша Богдановиќ: 33 милиони денари не е само тревникот

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар, општината која заеднички со Град Скопје ги промовираше новите амбиентални измени помеѓу градскиот плоштад и Градскиот трговски центар, вели дека инвестицијата од 33 милиони денари не е само за тревникот, туку за површина од 5.000 квадратни метри.

Ваквото објаснување на Богдановиќ следува откако се јавија реакции на социјалните мрежи за сумата, додека опозицијата и натаму смета дека инвестиција од 110 евра од метар квадратен е прескапо.

- Инвестицијата е на Град Скопје, и се однесува на целиот опфат не само на тревникот. Целиот опфат е 5000м2. На површина од 5000 квадратни метри и инвестиција од 33 милиони денари е уреден просторот во центарот на Скопје, на потегот од плоштадот кон влезот во Градскиот трговски центар цел опфат е, таканаречениот тревник е само мал дел. Од ГТЦ до плоштад, гласи коментарот на Богдановиќ на пост кај репортерот Фуркан Салиу.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за таа сума на пари нема ништо атрактивно и дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов плаќал како „да купува злато“.



Слично

Поврзани вести