САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот
Сараево е 2 најзагаден град во светот на листата на air visual попладнево, Приштина е на 10-то место, а веднаш зад него, на 11-та позиција е Скопје.

Балканските градови уриваат рекорди со загаденоста на воздухот.

Во Македонија, 255 луѓе на 100.000 жители умираат поради загадениот воздух, што е речиси петкратно повеќе од европскиот просек на ЕУ, кој изнесува 57 случаи.
Извештајот на Европската комисија и ОЕЦД истакнува дека Централна и Источна Европа имаат највисока смртност поврзана со PM2.5 честичките.
Аерозагадувањето е сериозна закана за здравјето, поврзана со заболувања како канцер на белите дробови, срцеви и респираторни проблеми, мозочни удари и ризици при раѓање. Посебно е опасно за повозрасните луѓе, предизвикувајќи 4 отсто од смртните случаи кај оние над 65 години.
Слично
