Економија, финансии, бизнис

Контакт

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

Босанскиот главен град Сараево вечерва е четвртиот најзагаден град во светот, на листата на air visual. 


Скопје е на 46-то место. Ташкент, главниот град во Узбекистан е  најзагаден град во светот. 


Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, утре во 12:30 часот, ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе маршираат кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје.

„Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките“, велат од „Зелен хуман град“.

Оттаму очекуваат секој граѓанин од Скопје и секој кој може од останатите градови да се приклучи на протестот за чист воздух.

foto Wikipedia/Jocelyn Erskine-Kellie

Слично

Поврзани вести