Економија, финансии, бизнис

Контакт

Санте Плус продолжува со работа од понеделник

Санте Плус продолжува со работа од понеделник

Санте Плус од понеделник продолжува со работа, реши Вишиот управен суд, кој привремено ја врати дозволата за работа на приватната болница, откако претходно три месеци беше затворена од државниот здравствен и просветен инспекторат, објави 24 Вести.

Во образложението на одлуката, до која дојде ТВ24, стои дека враќањето на дозволата во овој момент е со цел да се спречат евентуални штетни последици врз пациентите и вработените во болницата.

„Барањето на тужителот за определена времена мерка се уважува, се одлага извршувањето на решението за одземање на дозволата за работа се до правосилно завршување на постапката по поднесената тужба. Неспорно е дека со одземање на дозволата за работа на „Санте Плус“ станува збор за правни односи кои траат, а со цел во иднина да се избегнат неминовните штетни последици кои би настанале за пациентите и вработените во здравствената установа.“ - се вели во решението за времена мерка од Вишиот управен суд .


Слично

Поврзани вести