Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сања Лукаревска: Европскиот сон и зголемените плати и пензии ќе го зголемат рејтингот на СДСМ

Сања Лукаревска: Европскиот сон и зголемените плати и пензии ќе го зголемат рејтингот на СДСМ

Потпретседателката на СДСМ и директорка на Управат за јавни приходи, Сања Лукаревска, во „Само Интервју“ на Канал 5 рече дека владеачката партија ќе си го зголеми паднатиот рејтинг кај граѓаните пред редовните парламентарни избори следната година.

Според вториот човек во СДСМ, зголемени се платите и пензиите во криза и нема да се удоволи барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за предвремени парламентарни избори, иако се очекува од опозицијата кога би дошла на власт да гласа за уставните измени.

- Напротив, не се плашиме од избори, но ќе бидат во редовниот термин. Со сите овие процеси кои ги тераме во моментов, платите, пензиите, грижата за оние на кои им е потребно и на одредени други проекти на оваа Влада, и остварувањето на европскиот сон. Имаме многу други успеси и реализирана ни е скоро 90 отсто од нашата програма, која беше правена за мирнодопски услови, а не за кризно време.

Во една Шведска има криза со висока инфлација, пропаѓаат банки и се тресат берзите. Економски дисторзии нема само кај нас, рече Лукаревска.

Оваа година најавува дека ќе има и борба против криминалот и корупцијата, што исто така би довело до подобрување на позицијата на власта на анкетите. Најави дека приоритет до изборите ќе бидат и реформите во администрацијата.

Таа додаде дека уставните измени не треба да зависат од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ е на власт или во опозиција.

- Уставните измени не значат некаков напредок за идни избори, тие значат дека ќе овозможиме напредок за идните генерации. Не може да знаеме претходно што би се случило. Тука не може да се прават планови како би било, што би било. Што би се сменило во тој момент?

Гаранциите ни ги дава ЕУ, ние со Брисел преговараме, а не со Софија. Принципот на блокада не е прифатлив принцип на ова модерно време. Не може да има блокада на закони кои значат добро за државата и граѓаните, рече Лукаревска.



Слично

Поврзани вести