Саниран дефектот поради кој немаше вода во поголемиот дел од Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните од полноќ веќе имаат нормализирано водоснабдување за корисниците од ниските зони. Се работи на нормализирање на водоснабдувањето за високите зони на Аеродром и Ново Лисиче.

Имено, екипите на ЈП Водовод и канализација –
Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време
го отстранија истиот. “Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се
случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато
водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се
затвори цефка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода.
Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за
многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот
дека станува збор за голема цефка која е под силен притисок, водата ќе се пушта
постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите
делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП
Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа
ситуација“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и
канализација – Скопје.

