САНИРАН ДЕФЕКТОТ КАЈ МКЦ: Жителите од централниот дел на Скопје најпосле добија вода
Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредба близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера наутро ги остави без вода граѓаните кои живеат во централното градско подрачје.
Дефектот, како што информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е саниран ноќеска во 03:50 часот.
Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата кај МКЦ, вчера од 08:50 часот без вода останаа и корисниците на дел од Крњево, Керамидница, Т.Ц „Ист Гејт“,бул.„Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук Оил“, Пожарната, а намален притисок имаа населбите „Маџари“ и „Хиподром“.
За потсетување, поради пукнатата цевка улицата пред МКЦ личеше на голема река, водата се прелеваше на сите страни како што можеше да се види од видеото испратено до нашата редакција.
ФОТО: Фактор