Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самсоненко има удел и во „Жито Полог“

Самсоненко има удел и во „Жито Полог“

Сергеј Самсоненко, својот бизнис го проширува и во мелничката индустрија, откако се стекнал со речиси 7% од сопственичкиот удел на „Жито Полог“ откупувајќи 3.650 обични акции со право на глас. Тој ќе биде нов инвеститор во компанијата која има повеќе измени во сопственичката структура. 

Компанијата преку Македонска берза информираше и дека акционерот Ненад Јосифовиќ продал 3.650 обични акции со право на глас, па сега останува на вкупно 6.984 обични акции со право на глас или 12,47 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Акционерот Златко Перузе, според продал 2.240 обични акции со право на глас и сега поседува вкупно 8.417 обични акции со право на глас во „Жито Полог“ или 15,03 отсто.

Истовремено и самата компанија „Жито Полог“ откупи 2.240 сопствени акции и сега поседува вкупно 5.499 акции или 9,82 отсто од основната главнина на друштвото.

Самсоненко е најпознатиот руски бизнисмен во Македонија, сопственик на спортските клубови Вардар во фудбал и ракомет, има големи влогови во спортска инфраструктура, меѓу кои спортската сала Јане Сандански, фудбалска академија, тренинг камп, како и хотел во Аеродром.

„Жито Полог“  во последните три години нема доделено дивиденда, просечната цена на акцијата изнесува 2000 денари, книговодствената вредност на акцијата е поставена на 7.191  денари, 

Основна дејност во "Жито Полог" АД – Тетово производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.

Во продолжение прочитајте ја и анализата на Фактор за зделката на Жито Полог со Жито Битола за заеднички настап на пазарот.

Слично

Поврзани вести