САМОПОПИШУВАЊЕТО ТРАЕ: Најголем одзив има во Швајцарија
Најмногу нашинци од Швајцарија, а најмалку од Канада и Австралија се самопопишале.
Повеќе од 60.000 македонски државјани кои живеат во странство, досега се самопопишале. Од нив најмногу се од Швајцарија, 16.000, а најмал интерес за попишување има во Канада и Австралија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска на прес-конференција информираше дека тоа е една четвртина од очекуваните бројки. Македонското друштво „Илинден" од Тирана ги повика Македонците од Албанија кои имаат македонско државјанство, да се попишат преку електронската апликација. Самопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници: https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx Има уште 35 дена можност граѓаните да ја завршат оваа обврска.
