САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА ДСЗИ: Д-р. Бухова имала контакт со заразен член на нејзиното семејство
14 Дена во
самоизолација ќе ги мине директорката на Државниот санитарен и здравствен
инспекторат, д-р. Ирина Бухова, која, како што самата објави, имала контакт со
лице позитивно на Ковид-19 од нејзиното потесно семејство. Во објавата на
официјалната станица на ДСЗИ, д-р. Бухова информира дека нема симптоми на
болеста, дека се чувствува добро и дека првиот тест за корона вирусот не бил
позитивен.
-По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца. Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата, наведува д-р. Бухова во објавата.
