Самоил Малчески: Македонија еден ден ќе ја биде ама без вас!
Самоил Малчески, кој минатата година се приклучи на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук го искоментира вчерашното гласање во Собранието.
„Изминатата недела е доказ дека Македонија (никогаш северна) се уште е заробена држава! Се обзнани новата врхушка, со примеси на старата! На дело се покажа дека судскиот систем е заробен, сваровски судиите сега си имаат нов или нов со примеси на стариот газда! Многу пати до сега се прашував зошто ни точка, ни запирка од извештајот на Прибе не беа реализирани во изминатите 18 месеци и конечно го добив одговорот! После ова немате легитимитет да зборувате нит за демократија, нит за правна држава, нит за реформи, а најмалку за европски вредности! Битката продолжува! Македонија еден ден ќе ја биде ама без вас! До тогаш се гледаме на браникот на демократијата! На браникот на правната држава! На браникот на воспостувување на Уставен и правен поредок! Некој живее за Македонија, некој живее од Македонија! п.с. процесите кои се водат за 27ми април веќе немаат смисла, пуштете ги луѓето на слобода! Се договоривте со Љубен, Крсто и Сашо? Безпредметно е понатаму, не ги држете останатите луѓе како политички затвореници!“ - пишува Малчески.

Резултатот од гласањето го нарече весела математика.
