Самохрана мајка од Теарце починала од тромб на 38 години: Веќе имала ковид
Самохрана мајка од Теарце починала денеска на 38 години, сподели пратеникот Влатко Ѓорчев.
Неофицијално, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите, напиша Ѓорчев на фејсбук.
„Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 - 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.
Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе, вели Ѓорчев.
