Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само за пешаци-се отвара граничниот премин Џепиште-Требиште

Само за пешаци-се отвара граничниот премин Џепиште-Требиште

Почнува со работа граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште чие отварање беше договорено меѓу Владата на Република Македонија и на Советот на министри на Република Албанија од ноември минатата година.

Граничниот премин Џепиште – Требиште се отвара утре(2-ри мај) , а ќе работи секој ден од 8 до 20 часот,  односно од 8 до 18  часот според зимското работно време, соопшти денеска МВР.

Преминот е наменет главно за жителите на пограничната зона, а засега овде ќе може да се минува само пеш,  односно не е дозволено поминување со моторни возила.
Слично

Поврзани вести