„Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор“: СДСМ тврди 'затоа не сакаат во ЕУ'
Опозициската СДСМ денеска се огласи на темата непотизам, при што тврдат, како што деновиве беше споделувано на социјалните мрежи, дека братот на гувернерот Трајко Славески од чувар станал функционер, и дека М-НАВ е како комитет на ВМРО.
- Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри.
Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа.
Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дозна дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор кои го спровеле незаконското унапредување добија кривична пријава - нагласуваат од СДСМ.
Од партијата укажуваат оти Управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата „помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS во Сектор за воздухопловна навигација“.
- Со тоа платата двојно му се зголемила, од 50.000 на околу 100.000 денари. Значи, за само 14 месеци незаконски му биле исплатени повеќе од 7.000 евра на штета на М-НАВ.
Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор на институција задолжена за безбедноста на македонското небо.
Нема ситем, нема критериуми, ниту е е избран врз основа на квалификации, искуство. Ништо.
Единствениот критериум е тоа што е брат на Трајко Славевски и близок до ВМРО - нагласуваат од СДСМ.
Потоа додаваат дека на овој начин М-НАВ наместо за безбедност на македонското небо е претворено во партиски комитет на ВМРО.
- Криминалната организација ВМРО е симбол на непотизам, партизирани вработувања и злоупотреби на институциите.
Видовме бројни примери изминативе години на домување на браќа, сестри, роднини, партиски активисти.
Затоа младите се иселуваат од државата затоа што гледаат дека тука знаењето не се цени, системот функционира само за партиски подобните.
Затоа ВМРО не сака во Европската Унија - затоа што тоа значи владеење на правото, професионални институции и мерит-систем - нагласуваат од СДСМ на крајот од објавата.
Слично
