Само во три града има нови случаи на Ковид: За еден ден починале седум луѓе
Во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-1, информира Министерството за здравство. Во само три града има новозаболени и тоа во Скопје – 5, Прилеп и Виница – по 2 и Куманово – 1.
Регистрирани се 332 оздравени пациент. Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).
Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.
Слично
