Само во еден македонски град нема активни случаи на коронавирус
Само во Крушево нема активни случаи на коронавирус.
Овој податок е содржан во дневниот извештај на Министерството за здравство.
Демир Хисар и Македонски Брод имаат по 4, а Пехчево има 7 активни случаи, додека сите други општини се во поголем број на активни.
Пробиштип има 20, Дебар има 50, Берово 44, Валандово 47, Виница 49, а Делчево 116 активни.
За 24 часа во Македонија има 12 жртви на коронавирусот.
Повеќето од нив се повозрасни луѓе и починале во болнички услови.
Скопје има најмногу активни, но и најмногу нови случаи на коронавирус.
Слично
