Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само во две земји од ЕУ платите не пораснале

Само во две земји од ЕУ платите не пораснале

Само во две земји од ЕУ лани граѓаните не добиле покачување на платите. 

Станува збор за Хрватска и Кипар. Во сите други земји имало раст на плати, вклучувајќи ги Грција и Португалија, каде има мерки за штедење и каде уште има криза. 

За над 5% пораснале платите во Романија и Унгарија, а за помалку од 1% се зголемиле платите во Шпанија, Белгија, Финска и Италија. 

Во повеќето земји од ЕУ имало раст на платите во државниот и приватниот сектор. 

Во јавен сектор не се покачиле платите во Полска, а стагнирале и во Кипар, Финска, Италија и Луксембург. 

Скромно намалување имало и на платите во јавниот сектор во Словенија. 

Во повеќето земји на ЕУ привремените вработувања сочинуваат 10% од сите вработувања. 

Слично

Поврзани вести