САМО ВО 13 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ ИМА ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија е меѓу најзагадените во Европа
Македонија е втората најзагадена земја во Европа.
Ај-кју-ер во 2025 година ја рангираше на 34-то место во светот. Тетово и Струмица се најзагадени.
Македонија е рангира зад Босна и Херцеговина(БиХ) која е на 27-то место, а пред Србија која е 38-ма, со просечен коефициент од 21,2, што значи надминување на безбедните вредности за три до пет пати.
Само 14 отсто од градовите глобално го исполнуваат упатството на СЗО за ПМ 2,5. Земји што ги исполнуваат овие стандарди се: Француска Полинезија, Порторико, Американските Девствени Острови, Барбадос, Нова Каледонија, Исланд, Бермуди, Реунион, Андора, Австралија, Гренада, Панама и Естонија.
Највисоки нивоа на ПМ 2,5 се регистрирани во Пакистан, Бангладеш, Таџикистан, Чад и Конго. Најзагаден град во светот е Лони, Индија, каде концентрацијата на опасни честитички е за 22 пати поголема од упатството на СЗО. Најчист град е Њувудвил (Јужна Африка).
