Само уште 10 дена за пријавување на специјализирани обуки за визуелни ефекти, анимација и моделирање со поддршка на УСАИД
Њуменс Бизнис Акцелераторот и тренинг центарот VFX Nest, во
соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата
за филмски визуелни ефекти и 3D моделирање и анимација - Fx3x, го најавуваат
стартот на две високо специјализирани обуки кои имаат за цел да оформат високо
платени и лесно вработливи кариерни профили во областа на филмската и ТВ
индустрија и визуелните уметности.
Со Обуката за Визуелни ефекти за филм
учесниците ќе стекнат знаења и вештини за градење кариера како Артист за
Визуелни ефекти и работат на интегрирање на дигитални елементи во претходно снимени
материјали за филм или телевизија, а со Обуката за 3D моделирање и анимација ќе
можат да започнат кариера како CG Артист и да работат на компјутерски
генерирани анимации и симулации, како и AR/VR/Game проекти.
За време на обуките
ќе учат од експерти со над 15 години искуство во индустријата со учество во
преку 100 холивудски наслови и ќе работат на практични примери. Артистите во
Fx3x (www.fx3x.com), од каде доаѓаат и најголемиот дел од менторите, досега
имаа можност да работат на филмовите: Terminator, Avengers, James Bond, Fast
and Furious, Transformers, X-Men, Mission Impossible, Spiderman, Hunger Games,
Alien, Jason Bourne, Star Wars, Star Trek, на суперхероите од Marvel и DC
Universe и многу други. Секоја година 3-6 филмови на кои имаат работено добиваат
и номинации за Оскар.

За прв пат најголемиот дел од вредноста на обуките е
обезбеден од страна на организаторите во соработка со Проектот на УСАИД за
развој на деловниот екосистем и компанијата Fx3x. Заинтересираните кандидати
кои ќе бидат одбрани за учество ќе треба да обезбедат само дел од вкупната сума
за партиципација во износ од 450 долари, во што е вклучен и бесплатен кариерен
тест, кариерно советување од страна на кариерни советници и Сертификат, а за
најуспешните учесници и можност за вработување во Fx3x, како и работа на
Холивудски проекти.
Програмата оваа година е збогатена и со изучување на нови софтвери и техники на работа според најновите потреби од индустријата и покриваат изучување, покрај на основите и изработката на елементи за композитинг, и на напредни техники на целосно интегрирање на елементите во сликата кај обуката за Визуелни ефекти, а во 3D Моделирање и Анимација додаваме и техники за обработка на предмети Motion Capture, како и изучување и апликација на Game Engines: Unity / Unreal и основи на Virtual Reality / Augmented Reality, кои ќе им овозможат на учесниците висока конкуретност и на поширокиот пазар на труд како во примарната, така и во сродните дејности.
Кариерни профили со вакви
знаења и вештини освен во дигиталните и продукциските студија, потребни се и на
пазарот за дигитални видео игри, како и во маркетинг агенции, компании кои
работат развој на продукти, а и во архитектонската и градежната индустрија.
Двете обуки ќе се реализираат паралелно во времетраење од 420 часа во период од
5 месеци со почеток на 17ти август 2020 година. Повеќе инфо за темите и
предметите може да погледнете на
https://www.facebook.com/events/720011865491790/
Аплицирањето е во тек и ќе трае до пополнување на групите, а најдоцна до 31 јули. Побрзајте и пријавете се на https://forms.gle/i4Q35Er32cVBHcDi8 затоа што преостануваат само уште малку слободни места. Претходното искуство во областа е предност, но не е неопходно.
