САМО ТРОЈЦА ГРАЃАНИ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА: Во болницата во Дебар нема пациенти со симптоми на Ковид - 19
Во градот Дебар епидемиолошката состоја и по повеќе од еден месец е стабилна. Во општата болница нема пациенти кои имаат симптоми на коронавирусот, соопшти денеска градоначалникот Хекуран Дука.
Тој кажа дека само 3 лица се во домашна изолација, затоа што се дојдени од странство.
Ги повика граѓаните кога излегуваат да носат заштитни маски и да ја почитуваат физичката дистанца.
Дебар и Центар Жупа беа првиот регион каде се појави заразата во земјава, по што овие општини еден емсец беа во кризна состојба.
Сега животот се нормализира, а дуќаните кои скоро два емсеци не работеа се трудат да се опорават.
Слично
