Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само судот може присилно да го спроведе Груевски во затвор

Само судот може присилно да го спроведе Груевски во затвор


Поранешниот премиер Никола Груевски не се појави во притворот во Шутка, по неуспешниот вчерашен обид на судот да му предаде решението за 2-годишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Судските курири вчера не го нашле Груевски дома. Со ова, поранешниот премиер доби два дена слобода. Во понеделникот решението ќе биде предадено на Кривичниот суд, каде што треба да се појави на судското рочиште за случајот "Титаник" или да биде испратена на домашната адреса. Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење.

Со соопштение излезе и СДСМ, откако вчера новинарски екипи го чекаа појавувањето на порашениот претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред капијата на притворот, но не го затекнаа.

„Судовите се независни институции кои работат во согласност со нивните законски надлежности и нивните одлуки треба да ги почитуваат сите граѓани. Мора да има правда. За секој кој е докажан во легитимна и транспарентна судска постапка дека ги прекршил законите врз основа на кои има правосилна судска одлука, тој мора да ја сноси одговорноста "- истакна СДСМ



Слично

Поврзани вести