Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само седуммина вработени засега во Агенцијата за примена на двојазичноста

Само седуммина вработени  засега во Агенцијата за примена на двојазичноста


Иако последниот конкурс за вработување во Агенцијата за примена на јазикот беше отворен за тринаесет лица и бројот на апликанти беше голем, филтерот го поминаа само седум кандидати, пет од нив Албанци и двајца Македонци, објави Алсат. ЏЗасега има само 15 службеници во ова новоформирано владино тело, а предвидено е дека се потребни 74.

Агенцијата за администрација, која го објави конкурсот, вели дека наскоро ќе се отвори уште еден конкурс. Еден од критериумите дека сите апликанти треба да имаат добро познавање на македонскиот јазик. 

Работата што требаше да ја врши тим од 74 редовно вработени, колку што се предвидува со Закон за оваа Агенција, ја остварува многу помал тим составен од осум вработени со договор на дело и седум редовно вработени. 

Слично

Поврзани вести