САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија
Луѓето во седум земји во светот дишат чист воздух. Само седум држави ги задоволувале стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитет на воздухот лани. Задоволителна оценка добиле само Австралија, Нов Зеланд, Бахами, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд.
Во Индија се наоѓаат 12 од 20-те најзагадени градови во светот.
Речиси секоја земја има понечист воздух отколку што лекарите препорачуваат да дишат, покажа годишниот извештај на швајцарската технолошка компанија за квалитет на воздухот IQAir, чии наводи ги пренесува британски Гардијан.
Во овој извештај Северна Македонија и Босна и Херцеговина се единствените европски земји на листата на најзагадени. Најзагаден град вo земјава е Тетово, а во Лазорополе има најчист воздух.
foto freepik.com
