Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само пет отсто од „потенцијалот на бомбите“ извлечен од УБК

Само пет отсто од „потенцијалот на бомбите“ извлечен од УБК

Разузнавачот Звонко Костовски на денешното рочиште за случајот познат како „Таргет-Тврдина“ во своето сведочење откри дека само околу пет отсто од илегално прислушкуваните материјали биле извлечени од Управата за безбедност и контраразузнавање пред да послужат како докази на СЈО и дел од нив претходно како „бомби“ на опозицијата.

Заедно со разузнавачот Ѓорѓи Лазаревски од УБК изнеле помалку од пет отсто од вкупниот број на нелегално прислушуваните материјали. Овие материјали потоа му ги дале на Зоран Верушевски, кој пак ги предаде на тогашниот  лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Пред обвинителката Ленче Ристовска рече дека некои разговори биле снимени по два пати затоа што и двата соговорници од едната и другата страна на линијата биле таргет во недозволивото прислушкување, а како пример ја посочи комуникацијата на Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Доказите со кои во овој момент располага СЈО упатуваат на основано сомнение дека преку системите за следење на комуникации во периодот 2008-2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4286 телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби за нивно следење.

Притоа, незаконски биле следени и сите лица кои комуницирале со телефонските броеви кои биле таргет на незаконско прислушување во тој период. Се претпоставува дека се околу дваесетина илјади кои зборувале со прислушуваните

Слично

Поврзани вести