Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Само моќ насочена кон добрина е вредна за славење“: Ременски вели суштината на пранизкот не е во пароли, говори, парфеми, букети и софри

„Само моќ насочена кон добрина е вредна за славење“: Ременски вели суштината на пранизкот не е во пароли, говори, парфеми, букети и софри

8 Март за мене никогаш не бил и нема да биде празник на пароли, говори, парфеми, букети и софри.

Верувам дека, длабоко во себе тоа го мисли секоја жена која ја има осознаено идејата за моќта на жената во минатото и денес, и својата животна улога во сите прилики и неприлики што ги живеела до сега.

Во што е моќта на жената.

Ова го напиша на социјалните мрежи поранешната пратеничка и министерказа труд и социјална работа, Фросина Ременски, која е и Генерален конзул на Северна Македонија во Венеција и редовен професор на Факултетот за безбедност. 

По повод празникот таа укажа дека единствената вредна моќ е владеењето на жената со себе си, а не со другите.

- Свеста на жената за сопственото знаење, карактер, храброст, љубов, емпатија, трпение, искушение и развојот е нејзината најголема моќ.

Моќ од знаење насочено кон промена, правда и добрина е единствената здрава амбиција која ја запишува жената во историјата.

Нејзината трага во времето ќе биде подлабока ако ја предизвикате таа моќ во неа или ако се обидете да ја потцените нејзината способност да настапи "машки".

Зад животните приказни на големите женски имиња во светот не стојат плакари со градероба, штикли и букети, туку книги, уморни нозе од изодени патишта со препреки, сопки, игнорирања, потценувања од други, силна волја да победи, знаење во кое лежи моќта на нејзиниот збор, упорност да докаже дека може кога другите викаат не, трпение и љубов за сите Луѓе.

Големите жени не мислеле за/на себе кога преземале радикални чекори за промени во општествата во минатото, туку мислеле на нас, на идните генерации жени кои треба да бидат нивните следбенички - секоја борец во својот ринг - нагласи Ременски.

Потоа порача, баталете ги голите пароли и спотови за "храброст" и лицемерните величења на "моќта на жените".

Истакнувајќи „дозволете им на сите жени да ги извојуваат своите битки и со своето знаења да ги остварат целите за кои се борат и да бидат свои господари и херои за луѓето што ги сакаат и почитуваат. За почеток не ги гушете, исмејувајте и сопнувајте ...“

- Секоја жена е херој за луѓето што ја сакаат и почитуваат !

Секоја жена е непријател за оние кои во неа гледаат моќ !

Секоја жена е моќна кога другите нема да ја мерат на кантар нејзината вредност и тежина !

И на крајот, искрено е да признаеме дека, жената е најголемиот соперник на жената и нејзиниот успех. Без лицемерие молам... Мажите се само попатни симпатични "сојузници" во таквите соперништва.

Затоа жени/девојки, учете да сакате, да почитувате, да прифаќате, да простувате, да учите, да растете, да се борите, да охрабрувате, да помагате и да не потценувате ниту една жена која има своја цел која може да стане и Ваша ако ја препознаете како своја.

Само моќ насочена кон добрина е вредна за славење и парола !

Да ја вратиме вредноста на 8 Март за жените и мажите по нас - заклучи на крајот таа. 

Слично

Поврзани вести