Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО МАЛИ ДЕЦА СЕ ЛАЖАТ НА ВАКВИ ВЕТУВАЊА: Најчевска за ветувањето на Ковачевски за просечна плата од 1.000 евра

САМО МАЛИ ДЕЦА СЕ ЛАЖАТ НА ВАКВИ ВЕТУВАЊА: Најчевска за ветувањето на Ковачевски за просечна плата од 1.000 евра

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил реагираше на ветувањето на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, дека ако дојде СДСМ на власт просечната плата ќе биде илјада евра.

„Само мали деца се лажат на вакви ветувања.

Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат.

Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво.

За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност.

За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести