Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО МАКЕДОНИЈА ОД ЦЕЛ РЕГИОН НЕМА ЦЕНТАР ЗА ИЗГОРЕНИЦИ: Дел од пациентите со тешки изгореници се пренесуваат во центрите во соседството

САМО МАКЕДОНИЈА ОД ЦЕЛ РЕГИОН НЕМА ЦЕНТАР ЗА ИЗГОРЕНИЦИ: Дел од пациентите со тешки изгореници се пренесуваат во центрите во соседството

Македонија е единствена земја во регионот која нема Центар за изгореници. Порано имало во Воена но повеќе од дваесет години не работи, имаше мал центар до 2016 со 2 кревети во Градска, од тогаш навака ништо, напиша во објава на ФБ, д-р Ненад лазаров.


Речиси десеттина години ваков центар не функционира во земјата, а за овој проблем утринава не знаеше ниту претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Болнички извори за Фактор потврдуваат дека како мала држава не сме финасиски подготвени да имаме Центар за изгореници, но сметаат дека е многу пооправдано да постои стручен кадар кој што при адаптација на одредени просторни капацитети веднаш би пружил медицинска нега во вакви ситуации.​

-Кога станува збор за изгореници, не може да зборуваме само за повреди на кожата, тука страда целиот организам, загрозени се многу органи, затоа е потребен мултидисциплинарен пристап, најважно е да постои кадар, стручен кадар. За разлика од кај нас, Бугарија има голем успех на ова поле, во Пигоров, на пример, каде што е еден од најдобрите центри за изгореници, пости дури и банка за кожа, брифира нашиот извор.

Поради недостаток на специјализиран центар за изгореници, најтешко повредените пациенти ќе бидат пренесени на лекување во центрите во соседството.

На последната прес конференција, министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека лекари специјалисти за големи изгореници од Израел, Белград и Прага ќе допатуваат во Македонија за да работат со нашите лекари во третманот на најзагрозените пациенти. 


Слично

Поврзани вести