„САМО КОГА СЕ КАЖУВА ВИСТИНАТА СЕ СТИГНУВА ДО ЦЕЛТА!“: Николоски вели 'откако лагите се распрснаа, останува со чист образ да работиме'
„Вистината е секогаш најлесна..." фраза која често ја користам. Само кога се кажува вистината се стига до целта! Некогаш потешко, но секогаш сигурно!
Со овие зборови го започна својот пост, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој порача дека приказната на опозицијата за носење мигранти во Македонија, повторно се распаднала.
- Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за "мигранти за пари".
Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти.
Тоа е историско постигнување за Македонија.
Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите:
- БРЗА ПРУГА ТАБАНОВЦЕ - КУМАНОВО - СКОПЈЕ - ВЕЛЕС - ГЕВГЕЛИЈА - СОЛУН.
- БОЛНИЦИ ВО ШТИП, ТЕТОВО И КИЧЕВО
- СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА И САЈБЕР ПРОСТОРОТ
За доброто на македонските граѓани и вечно пријателство на Македонија и Велика Британија! - напиша Николоски на социјалните мрежи.
Слично
