Економија, финансии, бизнис

Контакт

„САМО КАЖИ, НЕ ПРАШУВАМ ЗА ЦЕНА“ - кој си го збогати портфолиото плаќајќи 152 илјади евра за акции на Комерцијална

„САМО КАЖИ, НЕ ПРАШУВАМ ЗА ЦЕНА“ - кој си го збогати портфолиото плаќајќи 152 илјади евра за акции на Комерцијална

Не стивнува интересот за акциите на Комерцијална банка. Повторно се реализираат блокови на значајни суми, а инвеститорите кои сакаат да ги купат акциите на нашата најголема банка, очигледно не прашуваат за цена, туку колку има слободно за купување.

Во четвртокот минатата недела, некој, засега непознат инвеститор, си го збогатил своето акционерско портфолио за 430 акции, за кои одеднаш платил сума од 152 илјади евра.

Или, за една акција платил сума од 21.700 денари, повеќе за 200 денари од претходната блок трансакција, реализирана десетина дена порано. 

Станува збор за мал акционерски пакет како дел од вкупната сопственичка структура, но изгледа дека акциите на Комерцијална банка во секој случај се сметаат за добитна комбинација за инвеститорите.

Инаку, на крајот на минатата недела, на редовниот пазар, една акција на Комерцијална банка затвори на 21.699 денари, додека, пак, на денешното редовно тргување, една акција веќе се тргува за 21.772 денари, што значи дека имаме зголемување во однос на претходниот работен берзански ден.

Пикот во цената на акциите на Комерцијална банка се достигна на 13 јуни годинава, кога таа се продаваше по цена од 21.935 или близу 22 илјади денари, потоа цената малку се намали, за во денешниот ден, барем од досегашното тргување, да има повторно зголемување на цената.

Инаку, на ЦДХВ и денесека, денот кога се врши ревизија на податоците, нема промена во сопственичката структура на Комерцијална банка, односно единствен акционер со акции над 5 отсто е Адора на Ванчо Чифлиганец, со 14,99 отсто од капиталот на компанијата. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести