Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само фотографирање на гласачко ливче во Шуто Оризари стигнало како неправилност до обвинителството

Само фотографирање на гласачко ливче во Шуто Оризари стигнало како неправилност до обвинителството

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи, соопшти обвинителството.

„Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок. И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk“, велат од ОЈО.

По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет.


Слично

Поврзани вести