Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само едно лице со решение за самоизолација по контакт со Оливер Спасовски

Само едно лице со решение за самоизолација по контакт со Оливер Спасовски

Ирена Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на денешната прес-конференција рече дека само едно лице кое било во контакт со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски добило решение за самоизолација.

- Издадено е едно решение по основ на контакти по спроведена епидемиолошка анкета дека само за едно лице постои среден, односно висок степен на загрозеност, рече Бухова.

Спасовски вчера рече дека е позитивен на Ковид-19 и дека веќе е во домашна самоизолација, по што се правеше анкета на неговите контакти во Владата и СДСМ.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, напиша министерот синоќа на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести