САМО ЕДНА ТРЕТИНА САКААТ ВАКЦИНА - зошто старите лица над 70 години не поитаа да се пријават за имунизација
Само 35 проценти од вкупниот број на граѓани над 70 годишна возраст се пријавиле за вакцинација против КОВИД -19. Ова го јави телевизија Телма.
Од 170 иладји лица на оваа возраст, кои се во првата група според Националниот план за имунизација, преку веб страницата на Министерството за здравство и преку матичните лекари се пријавиле 60.318 лица кои сакаат да ја примат вакцината. Приоритет ќе имаат оние со хронични заболувања.
Министерот за здравство Венко Филипче апелираше граѓаните да се пријавуваат преку веб страницата на министерството, а матичните лекари да ги пријавуваат своите пациенти над 70 години со хронични болести преку системот мој термин, посебно во оние региони каде интересот е исклучително мал.
Досега има вкупно над 125 илјади пријави за вакцинација. Од нив преку странциата вакцинација.мк се пријавиле 74 илјади, а од страна на матичните лекари има нешто повеќе од 51 илјада пријавени граѓани. Во земјава вкупно се вакцинирани 3.546 здравствени работници.
