Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО ЕДЕН ПРИЕМ ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ НА КОВИД: Во Скопје има уште 38 хоспитализирани пациенти

САМО ЕДЕН ПРИЕМ ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ НА КОВИД: Во Скопје има уште 38 хоспитализирани пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје, како што информира Министерството за здравство, хоспитализиран е еден нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 38 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

-Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Еден пациент е примен  во ковид центарот во ГОБ 8 Септември. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден немало приеми. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информира Министерството за здравство.

Во ковид центрите низ земјава, пак во последното деноноќие е пријавено дека се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6 болни, а во Куманово 18 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 106 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.


Слично

Поврзани вести