Само еден пациент има во ковид центарот во Дебар
Во ковид центарот во Дебар има само еден пациент.
Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност во Дебар вели дека епидемиолошката состојба со коронавирусот, како и на ниво на држава и на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна.
„Станува збор за повозрасна жена од општина Центар Жупа, која е на повремена кислородна поддршка. Ова е најмала бројка до сега од отворањето на центарот, во почетокот на ноември минатата година. Оптимист сум дека веќе го гледаме светлото на тунелот, но сепак, моја порака е дека треба да бидеме внимателни“, изјави Алили за МИА.
Вчера попладне и покрај сите напори на здравствениот персонал, во Ковид центарот, како последица од опасниот вирус, почина жител на општина Центар Жупа.
foto freepik
