Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА ОД ПАРТИЈАТА, ГЕОРГИЕВСКИ ИМА НАЈАВА ЗА КРИВИЧНА - градоначалникот ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ за блокади за ребалансот на општината

ОТКАКО ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА ОД ПАРТИЈАТА, ГЕОРГИЕВСКИ ИМА НАЈАВА ЗА КРИВИЧНА - градоначалникот ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ за блокади за ребалансот на општината

Само еден ден откко ја доби довербата од партиското раководство за да трча за уште еден мандат, градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски доби најава за кривична пријава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и тоа од вонредна пресконференција од партискиот портпарол Наум Стоилковски. 

Причина е изгласаниот ребаланс на буџетот на таа општина, а заедно со Георгиевски, кривични пријави се најавени и за советниците кои гласале за ребалансот.

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува градоначалникот за злоупотреба на службената положба. Односно, според нив, причината е тоа што наводно незаконски била донесена одлука да се гласа за ребаланс на општинскиот буџет, втор во рок од 20 дена.

„Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп“, рече Стоилковски.

Според него, цели 31 час непрекинато траела седницата, на која, како што вели, советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречувале грабежот. 

„Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев.

Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие. А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава“, рече Стоилковски.

Градоначалникот Борче Георгиевски, пак, преку својот фејсбук профил, ја обвини опозицијата за блокади, кои по маратонската седница биле надминати и биле обезбедени нови речиси 150 милиони денари.

„Точно после 30 часовна маратонска седница, мнозинството на Советот го донесе ребалансот на буџетот со кој обезбедуваме нови 146 милиони денари.

И покрај сите паузи, процедурални дискусии за се и сешто, и оваа блокада ја поминавме.

Само за ваша информација седницата започна вчера напладне од 12 часот, а дневниот ред го донесовме дури во 19:30 часот, по што заседаваа комисиите, а седницата се одржуваше до раните утрински часови до 06:30 часот, додека продолжението на истата започна денес во 10:00 часот.

Сите овие години, немало и нема да има, ниту една блокада која може да не спречи мене и советниците од СДСМ и коалицијата да работиме“, напиша синоќа н фејсбук Георгиевски. 

Слично

Поврзани вести