Само 400 граѓани денеска добија нови лични карти со новото уставно име
Само 400 граѓани денеска ги добија новите лични карти со продолжен рок, а на кој наедно е испишано и новото уставно име на земјата.
Изработката започна денеска откако претходно Владата со подзаконски акт го овозможи тоа, бидејќи на околу 40.000 граѓани им беа истечени претходните лични карти, но во изминатите два месеци не можеа да ги продолжат поради блокадата на новото законско решение во Собранието.
Репортерот на „Сител“ објави дека 400-ните лично карти се издадени само во Скопје и тоа за граѓани кои аплицирале помеѓу 5 и 7 август. Многу граѓани дошле, но им било речено дека овие идентификациски документи се уште не им се изработени.
- Целта е да им се овозможи на граѓаните да имаат идентификационен идентитет и тоа е јавен интерес и обврска што ја има државата. Попречувањето на издавањето на идентификационите документи е решено на овој начин, изјави судијката Маргарита Цаца Николовска.
Околу 40.,000 граѓани не можеа да добијат нови лични карти, откако Левица поднесе 1500 амандмани за новиот закон, а од денеска тие се изработуваат по донесениот подзаконски акт.
