САМО 36 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ ВО СКОПЈЕ: Нема нови приеми ниту во ГОБ „8 Септември“, ниту во Институтот за ТБЦ
Министерството за
здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има
хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно
36 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните
одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Нема примени пациенти ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти, во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
