Економија, финансии, бизнис

Контакт

„САМО 30 ОТСТО ПАРИЧНА КАЗНА ЗА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ“: Мојсоска по одлуката на Судскиот совет - 'иако утврди дека го овозможил бегството на Рамадани'

„САМО 30 ОТСТО ПАРИЧНА КАЗНА ЗА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ“: Мојсоска по одлуката на Судскиот совет - 'иако утврди дека го овозможил бегството на Рамадани'

Продолжуваат критиките кон судската фела во земјава, но и кон нивното тело Судски совет и одлуките кои ги носат. 
По бројните критики упатени кон судијата Пајазит Пајазити, кој е познат во јавноста по повеќе случаи во кои се крена многу прашина, политичките претставници сега реагираат на одлуката на Судскиот совет да го казни само 30 проценти од плата за пуштање во домашаен притвор на Блерим Рамадани.
- Судскиот совет го казни САМО со 30 отсто парична казна судијата Пајазит ПАЈАЗИТИ, иако утврди дека има незаконско постапено и го овозможил бегството на терористот на УЧК - Блерим Рамадани. Пазете, Пајазити направи правен ПРЕСЕДАН и додели КУЌЕН притвор на лик кој нема македонско државјанство! Во судството на Северна, куќен притвор може да се додели кај роднина (ако си баран со потерница за воени злосторства).

Иначе, дека се работи за политички монтиран случај потврдува изјавата на Таравари само една недела пред "бегството" на припадникот на УЧК - кога најави дека го ослободиле.

Дел од богатото искуство на Пајазити:

1. Тој ги пушти во куќен притвор насилниците кои предизвикаа безбедносен инцидент на аеродромот (меѓу кои беа функционери на ДУИ);

2. Пајазити го спаси од затвор обвинителот Иџет МЕМЕТИ за кривично дело земање мито, со прифаќање на спогодба под законскиот минимум.

П.С. Весна Дамева од Судски Совет од кога е во ЗНАМ?! - напиша Јована Мојскоска, пратеничка од редовите на опозициската Левица на социјалните мрежи. 

Случајот со Рамадани е познат во јавноста, но последно се подзаборава, поради многу други случувања повразни со судската фела.
Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести