Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само 200 Скопјани ќе се израдуваат на субвенција од градот за електричен тротинет

Само 200 Скопјани ќе се израдуваат на субвенција од градот за електричен тротинет

Сообраќајните гужви во главниот град се проблем кој станува неподнослив. Веќе со години ситуацијата со метежот во метрополат ги мачи граѓаните посебно во период кога се патува до работа па надлежните со мотив преку субвенција се потрудија на малкумина да им олеснат.

Субвенциите за електрични тротинети почнаа вчера а денеска веќе се завршени бидејќи средствата за нив се исцрпеле.

Од градот велат дека до 12 часот денеска стигнале 200 барања а јавниот повик го исполнил условот за да заврши и барања повеќе нема да се примаат.

Согласно условите за повикот, градот субвенционираше електрични тротинети до 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7. 000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Се работи ли за краткотраен технолошки тренд или нешто друго?

Електричниот тротинет е измислен како едноставно и лесно електрично превозно средство за градски превоз, а токму тоа е и неговата главна страна. Е-тротинетот е лесен и склоплив така што може да го понесете со себе каде и да одите, па дури и во продавница. Некои Скопјани веќе имаат и велат дека имаат добро искуство.

„Си купив електричен тротинет за да заштедам на гориво и избегнав гужви. Кога одам со автомобил до работа ми се потребни 25-30 минути бидејќи се прават големи колони, а чекајќи губам и време и пари, односно трошам гориво движејќи се 10 километри на час. Тротинет одлучив да купам бидејќи ми изгледаше како идеално решение за моите проблеми. Прво, мал е и не зазема многу простор каде и да оди, второ, брзината од 25 км/ч е и повеќе од доволна, за со него да ми требаат 15 минути до работа и уште не морам да барам паркинг“, вели Жарко од Скопје.

Искуство слично како неговото има и Татјана  која секој ден на работа патувала со автобус.

„Секогаш одев да чекам порано автобус за да стигнам на време, бидејќи никогаш не знаете кога ќе заглавите во гужва а тоа во Скопје стана секојдневие. Барав алтернатива бидејќи живеам едноставно близу до работа, а со оглед на тоа дека за неколку станици месечно морам да плаќам 1400 денари месечен билет, одлучив да барам алтернатива. Гуглав за евтини опции на превоз и ми текна на електричен тротинет. Ме купи информацијата дека за 1000 км „гориво“ чини само едно евро. Секако, треба да се земе предвид и цената на самиот тротинет, но кога погледнете назад низ годините тоа ќе ви испадне поевтино од самиот превоз. Идејата ми се допадна и истиот ден купив тротинет“ на струја“ - вели Татјана.

Популарни ширум светот, прифатливи за рамна површина како во Скопје

Кинезите дефинитивно се број еден нација која користи електрични автомобили, а проценки која земја најчесто ги користи електричните тротинети засега нема, но од она што го гледаме и на улиците во европските градови е дека употребата на ова превозно средство во подем расте се повеќе.

Нивната предност е малата тежина. Тежат од 10 до 15 килограми, а имаат релативно висока моќност и носивост. Некои модели развиваат брзина и до 35 километри на час. Развојот на технологијата овозможи овие алтернативни превозни средства да можат да поминат и до 30 километри со само едно батериско полнење.

Слично

Поврзани вести