Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самка Ибраимовски: Му простувам на Рашковски

Самка Ибраимовски: Му простувам на Рашковски

Пратеникот Самка Ибраимовски, кој е дел од владеачкото мнозинство, изјави дека му простува на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за употребениот збор „цигани“ во негативен контекст во аудио-снимката која како прислушкуван разговор беше објавена во обидот владиниот функционер да се прикаже дека недозволиво влијаел на тендер.

Ибраимовски вели дека сите грешат, па затоа, по извинувањето, Ромите треба да му простат на Рашковски за грешката. Според пратеникот, не е неопходно Рашковски да поднесе оставка.

"По побарана прошка, мислам дека секој треба да прости. Се простуваат работи кои се многу потешки, како што е помилувањето за 27 април во Собранието, а камоли еден збор. Тој лично мисли дека Ромите не се лоши, бидејќи вчера се извини, ми се јави и ми рече дека тоа било момент на непромисленост", рече Ибраимовски.

Вчера имаше реакција и од коалициониот партнер Амди Бајрам, кој го оправда Рашковски, велејќи дека изразот „цигани“ можел да се искористи во еуфоријата.

Владиниот секретар Рашковски им се извини на Ромите и на Италијанците за вокабуларот што се користеше во прислушкуваниот разговор за време на состанок во Владата.


Слично

Поврзани вести