Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самка Ибраимовски бара апсење на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“

Самка Ибраимовски бара апсење на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“

Од партијата на Самка Ибраимовски бараат да се уапсат организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. 

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) реагира на институциите кои се надлежни за спроведување на истрагата за случувањата од 27 април, пред сè Министерството за внатрешни работи и смета дека најголеми виновници на влегувањето во Собранието и за поттикнување на штрајкувачите се токму организаторите Богдан Илиевски, Борис Дамовски и за Владо Јовановски.

„Згора на сè, тие на вчерашните протести добија уште поголеми крилја дека никој ништо не им може и продоложија со иста реторика. Затоа партијата ПЦЕР предлага да се притворат наведените организатори и да сносат одговорност за сè што направија изминатите денови, затоа што најголеми виновници се токму наведените лица“- велат од ПЦЕР.

Не може пратеници да се претепани и да се лекуваат по болници, а организаторите да бидат на слобода, стои во соопштението од ПЦЕР.

Слично

Поврзани вести